ЈАВЕН ПОВИК
ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА
2025 ГОДИНА
Општина Неготино го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2025 година.
Со цел јавноста да се вклучи во овој процес,односно да се имаат предвид потребите на граѓаните,општина Неготино упатува Јавен повик до граѓаните на општина Неготино и сите населени места, до институциите,здруженија на граѓани и други правни и физички лица за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.
Предлозите можат да бидат од целокупната надлежност на локалната самоуправа
- Комунални дејности
- Урбанистичко планирање
- Заштита на животна средина
- Локален економски развој
- Образование
- Култура
- Социјална заштита
- Здраствена заштита
- Спорт и млади
- Поддршка на граѓанскиот сектор
- Меѓународна соработка и
- други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со Закон
Потребните податоци,предлог-проекти и активностите со финансиската конструкција треба да се достават на посебна Пријава од општина Неготино или од веб страницата на општина Неготино: www.negotino.gov.mk
Поднесоците во електронска форма може да се достават на е-адресата: info@negotino.gov.mk (со назнака за Јавен повик за предлог-проекти за развојни програми од делот на инфраструктурата,комунални работи,урбанистичко планирање,спорт,култура и сл.) или преку Архивата на општина Неготино.
Рокот за доставување на Пријава е од 02.10.2024 г. до 29.10.2024 година.
Во прилог:Пријава