Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Општина Неготино , врз основа на Програмата за волонтирање за 2012 , има потреба од ангажирање на волонтери во Општина Неготино, поради што објавува :

                                        ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Неготино

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – дипломирани економисти , дипломирани правници, дипломирани градежни инженери, дипломирани на јавна администрација  и  кандидати со  завршено средно образование да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Општина Неготино и тоа :

1.Одделение за урбанизам ,комунални дејности и заштита на животна средина:

     – дипломирани   правник  1(еден)
     – дипломиран градежен инжењер  1(еден)

2. Одделение за локални даноци и такси :
     
 – дипломиран  економист или дипломиран на јавна администрација 2 ( два)

3. Одделение за финансиски прашања :

      – дипломиран економист или дипломиран на јавна администрација 2 (два)

4. Одделение за правни и општи работи – (архивско работење) :

      – средно образование ССС  1(еден)

 
 5. Одделение за комунални дејности и сообраќај – (комунален редар) :

      – средно образование ССС  1(еден)

 
Волонтерската работа ќе се извршува за времетраење од  6 (шест) месеци.
Волонтерската работа од јавниот повик ќе се извршува во одделенијата на општина Неготино.

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:

  – мотивационо писмо ( да се наведе за кое место/а се аплицира и причините за волонтирање);   
  – кратка биографија со податоци за контакт ( телефонски број и адреса на живеење)
  – доказ за завршено високо образование и тоа:
           
 За кандидатите под точка 1: Правен факултет – диплома или уверение
                                                      Градежен факултет- диплома или уверение

За кандидатите под точка 2 и точка 3 : Економски факултет – диплома или уверение.  
 
За кандидатите под точка 4: диплома за завршено средно образование

 
За кандидатите под точка 5: диплома за завршено средно образование
 
Кандидатите потребните документи да ги достават на следнава адреса:     
Општина Неготино
ул. „ Ацо Аџи Илов“ бр. 2
1400 Неготино

со назнака „За јавен повик за аплицирање на кандидати за
волонтирање во Општина Неготино“
или директно во Одделението за човечки ресурси  во Општина Неготино

Рокот за доставување на документите e до 27.06.2012 година.

По истекот на рокот за доставување на документи, сите кандидати кои во рок поднеле уредна документација ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Општина Неготино.

Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на стручна Комисија формирана од Градоначалникот .

По завршување на постапката за селекција на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.   
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Општина Неготино www.negotino.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Oпштина Неготино.

Close Search Window