Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020), Општина Неготино објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на изработувач на Стручна ревизија
на Детален урбанистички план

Општина Неготино објавува јавен повик за изработување на:   
 
1.Стручна ревизија на Детален урбанистички план за Урбана единица 5 дел од  Блок 17, помеѓу улиците  Фемо Кулаков, 8 Ноември  и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино.

1.Податоци за проектниот опфат:

Предмет на изработка:
1. Стручна ревизија на Детален урбанистички план заУрбана единица 5 дел од  Блок 17, помеѓу улиците  Фемо Кулаков, 8 Ноември  и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино.
Површина на проектен опфат: 4,00ха
Место: КО Неготино

Планскиот опфат на деталниот урбанистички план е помеѓу улиците  Фемо Кулаков, 8 Ноември  и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино.

Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на Стручната  ревизија на детален урбанистички план.
Стручната  ревизија на деталниот урбанистички план  да се изработи согласно Законот  за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020 и 219/21 );

2.Период на изработка на Стручна ревизија на деталниот урбанистички план:
-15 дена за изработка на стручната ревизија по добивање на барање;
-5 дена за изработка на стручната ревизија по доставување на корегиран детален урбанистички план.

3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:
На јавниот повик  можат да се пријават правни лица со извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на стручна ревизија согласно Закон за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) или важечка лиценца за изработување на ревизија за  урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18).
За докажување на овој услов се доставува Копија од извод од регистарот на правни лица кои ги усполнуваат условите за вршење на стручна ревизија  согласно Закон за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 32/20)  или копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18).

Документација за докажување и исполнување на критериуми:
3.1 Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка  односно треба да достави Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.

3.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на набавка односно  правното  лице да има важечка лиценца за изработување на стручна ревизија на урбанистички планови согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18)   или   извод од регистарот на правни лица кои ги усполнуваат условите за вршење на стручна ревизија,  согласно Законот за урбанистичко планирање(Сл.Весник на РСМ бр. 32/20).

4. Рок и начин за доставување н понудата :
 Понудите да се достават најдоцна до 15.04.2022г (петок) до 14,00 часот преку архивата на Општина Неготино, во жолт плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК бр.05-257/3

5.Датум, време и место на отворање на понудите:
18.04.2022 год, во 12,30 часот, во просториите на  Општина Неготино  (сала на советот на  Општина Неготино).

6. Критериуми за доделување на договор  на јавниот повик;
 6.1. кадровска и техничка опременост на правното лице
-да има вработено најмалку 3(три) дипломирани инженери архитекти – урбанисти на неопределено време со овластување или потврда за изработка на стручна ревизија на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган  не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања или потврди);
-да достави  листа за техника опременост;

6.2. Референтна листа за извршени работи :
– референтна листа за извршени работи за ист или сличен предмет на работи од последните 3 години;

6.3 Претходни позитивни стручни референци од подрачјето на планскиот опфат што е предмет на јавниот повик.
-најмалку 3 (три) стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години од подрачјето на планскиот опфат што е предмет на јавниот повик.

6.4 Понудена организација и методологија на изработка на работите;
-динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;

6.5 Финансиска солвентност
-да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех  или завршна сметка заверени од  надлежен орган.;

6.6 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).
Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.

Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Понудата не е деллива.

Начин на плаќање:  Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по доставувањето на стручната ревизија на Нацрт-планот (по прв пат)  и 50% по донесување на урбанистичкиот план).

Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.

Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:

– Цена на изработка на стручната ревизија на Деталниот урбанистички план. (10 бода);
-број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање. (30 бода; 6 бода од вработен);
– Број на референци во последните 3 години. (30 бода; 3-10 референци-10 бода, од 10-20 референци -20 бода, повеќе од 20 референци 30 бода.);
-рок за извршување на активностите. (30 бода; отстапки повеќе од 6 дена од наведените-10 бода, отстапки од 3-6 дена од наведените-20 бода, прифаќање на наведените рокови -30 бода  );

Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на ДУП. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.

За дополнителни информации, контакт лице:  Снежана Цветкова  тел.070 394-294 е-mail: snezana.cvetkova@negotino.gov.mk .                                       

Ред. Бр.    Предмет на изработка    ха    цена без ддв    цена  со ддв

1                                                    4,00

Стручна ревизија на Детален урбанистички план за Урбана единица 5 дел од  Блок 17, помеѓу улиците  Фемо Кулаков, 8 Ноември  и Владо Арсов Шпанац, општина Неготино.

 

 

Close Search Window