Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020) , Општина Неготино објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на изработувач на урбанистички план
Општина Неготино објавува јавен повик за изработување на:
1. Измена на урбанистички план вон населено место за лесна индустрија на КП бр. 556 дел, 678 дел, 679, 680, 681 дел, 762, 1000/1 дел, 1006/2 дел и 4178 дел, КО Криволак, КО Црвени Брегови 2, КО Неготино, општина Неготино.
1.Податоци за проектниот опфат:
Предмет на изработка :
1. Измена на урбанистички план вон населено место за лесна индустрија на КП бр. 556 дел, 678 дел, 679, 680, 681 дел, 762, 1000/1 дел, 1006/2 дел и 4178 дел, КО Криволак, КО Црвени Брегови 2, КО Неготино, општина Неготино.
Површина на проектен опфат: 34,56 ха
Место: КО Криволак, КО Црвени Брегови 2, КО Неготино, општина Неготино
На север Планскиот опфат се движи кон исток по КП бр. 678 (пат) од која опфаќа дел, на исток границата се движи по источната граница на КП бр. 681 и продолжува кон јужна страна, на југ границата се движи и ја опфаќа КП бр. 681 до пресек со локален
пат и продолжува кон запад до пресек со регионален пат Р-103, на запад границата се движи по осовина на регионален пат Р-103 до пресек со КП бр.678 (земјан пат) на север.
Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на УПВНМ.
УПВНМ да се изработи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020, 219/21 и 104/22);
2.Период на изработка на деталниот урбанистички план:
-10 дена за изработка на планска програма по добивањето на налог од општина Неготино со целосни информации;
-5 дена за внесување на забелешки/корекции на Планската програма, по добиено известување за истите од страна на општина Неготино;
-20 дена за изработка на Работна верзија на УПВНМ од добивање на податоци /добивање на податоци и информации од сите релевантни институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање;
-15 дена за внесување на забелешки/корекции на Работна верзија на УПВНМ по добивање на мислења од сите релевантни институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање;
-10 дена за изработка на Предлог на УПВНМ по добивање на позитивни мислења од сите релевантни институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање;
-10 дена за внесување на забелешки/корекции, по добиена стручна ревизија;
– 15 дена за постапување по забелешки од Јавната анкета и Јавната презентација по доставен извештај од комисија;
– 15 дена за постапување по забелешки од страна на Министерство за транспорт и врски, а доколку се потребни мислења од институции од член 47 од Законот за урбанистичко планирање, 10 дена по добивање на истите.
3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:
На јавниот повик можат да се пријават правни лица со важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18).
За докажување на овој услов се доставува Копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18).
Документација за докажување и исполнување на критериуми:
3.1 Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.
3.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на набавка односно правното лице да има важечка лиценца за изработување на урбанистички планови согласно членот 68 од Законот за урбанистичко планирање(Сл.Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14….168/18) и да има во работен однос на неопределено и полно работно време најмалку 2 (два) архитекти -урбанисти со вежечко овластување за изработка на урбанистички планови согласно Законот за урбанистичко планирање или Законот за просторно и урбанистичко планирање, за докажување на овој услов се доставува доказ од надлежен орган со листа на вработени не постара од 1месец од денот на отварање на понудата и копија од важечки овластувањата за изработка на урбанистички планови.
4. Рок и начин за доставување н понудата:
Понудите да се достават најдоцна до 08.07.2022г (петок) до 14,00 часот преку архивата на Општина Неготино, во плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК бр.05-462/3
5.Датум, време и место на отворање на понудите:
11.07.2022 год, во 12,30 часот, во просториите на Општина Неготино (сала на советот на Општина Неготино).
6. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;
6.1. кадровска и техничка опременост на правното лице
-да има вработено најмалку 2 (два) дипломирани инженери архитекти – урбанисти на неопределено време со овластување на изработка на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања;
-да достави листа за техника опременост;
6.2. Референтна листа за извршени работи :
– референтна листа за извршени работи за ист или сличен предмет на работи од последните 3 години;
6.3 Претходни позитивни стручни референци од подрачјето на проектниот опфат што е предмет на јавниот повик
-најмалку 3 потврди за извршени исти или слични работи во последните 3 години;
За докажување на овој услов понудувачот во прилог на понудата да ја достави референтната листа за изработени и одобрени урбанистички планови и проекти во последните 3 години и референци (потврди) за изработени и одобрени урбанистички планови и проекти во последните 3 години, издадени од страна на корисници на услугите и потпишани од овластени потписници
6.4 Понудена организација и методологија на изработка на работите;
-динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;
6.5 Финансиска солвентност;
-да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од надлежен орган.;
6.6 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).
Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Понудата не е деллива.
Начин на плаќање: Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по доставувањето на предлог-планот и 50% по донесување на урбанистичкиот план).
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
– Цена на изработка на услугите (30 бода);
-број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање. (30 бода, 6 бода од вработен);
– Број на стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години, бодувањето ќе се врши врз основа на потврди издадени од страна на корисници на услугите и потпишани од овластени потписници (30 бода, 3-10 референци-10 бода, од 10-20 референци -20 бода, повеќе од 20 референци 30 бода.);
-рок за извршување на активностите. (10 бода, отстапки повеќе од 6 дена од наведените-3 бода, отстапки од 3-6 дена од наведените-6 бода, прифаќање на наведените рокови -10 бода );
Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на УПВНМ. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.
За дополнителни информации, контакт лице: Весна Ѓорчева тел. 071 249 125 е-mail: vesnagorceva@gmail.com .
ОПШТИНА НЕГОТИНО
Градоначалник
Горан Стојанов