Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020), Општина Неготино објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на изработувач на урбанистички проект
Општина Неготино објавува јавен повик за изработување на:
Урбанистички проект за градежно земјиште за формирање на градежна парцела за формирање на површина за изградба на спортска сала на КП 4216, КО Долни Дисан согласно Општ акт за село Долни Дисан (Одлука бр. 08-240/4 од 22.07.2016 година) согласно член 58 став 2, точка 5 од Законот за урбанистичко планирање.
1.Податоци за проектниот опфат:
Предмет на изработка :
- 1. Урбанистички проект за градежно земјиште за формирање на градежна парцела за формирање на површина за изградба на спортска сала на КП 4216, КО Долни Дисан согласно Општ акт за село Долни Дисан (Одлука бр. 08-240/4 од 22.07.2016 година) согласно член 58 став 2, точка 5 од Законот за урбанистичко планирање.
Површина на проектен опфат: 4298 м2.
Место: КО Долни Дисан, општина Неготино
На север планскиот опфат граничи со КП 4215 и улица дефинирана со општ акт за село Долни Дисан, на исток границата се движи по КП 4221, на југ границата на планскиот опфат се движи по КП 4213 и 4222 а на запад со КП 4357/1 (улица).
Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на УП.
УП да се изработи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020, 219/21 и 104/22);
2.Период на изработка на Урбанистички проект:
По добивање на налог од општина Неготино со извод од план и Ажурирана подлога, веднаш да се достават барања за податоци и информации согласно член 47 од Законот за урбанистичко планирање.
15 дена за изработка на Урбанистичкиот проект по добиени податоци и информации од институции, установи и правни лица со јавни овластувања од член 47 од Законот за урбанистичко планирање.
5 дена за корекција на УП доколку е потребно по сите фази и корекции во текот на изработката.
3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:
На јавниот повик можат да се пријават правни лица со важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18) и правни лица кои ги исполнуваат пропишаните услови за вршење на дејноста проектирање согласно со Законот за градење(Службен весник на Република Македонија бр.130/09……… 227/22).
За докажување на овој услов се доставува Копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, ………168/18) или копија од важечка лиценца за проектирање согласно согласно Законот за градење(Службен весник на Република Македонија бр.130/09……… 227/22).
Документација за докажување и исполнување на критериуми:
3.1 Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.
3.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на набавка.
- Рок и начин за доставување н понудата:
Понудите да се достават најдоцна до 14.04.2023г (петок) до 14,00 часот преку архивата на Општина Неготино, во плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК бр.11-191/3
5.Датум, време и место на отворање на понудите:
17.04.2023 год, во 12,30 часот, во просториите на Општина Неготино (сала на советот на Општина Неготино).
- Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;
6.1. кадровска и техничка опременост на правното лице
– да има вработено најмалку 1(еден) дипломиран инженер архитект – урбанист на неопределено време со овластување на изработка на урбанистички планови (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања;
-да достави листа за техника опременост;
6.2. Референтна листа за извршени работи :
– референтна листа за извршени работи за ист или сличен предмет на работи од последните 3 години;
6.3 Претходни позитивни стручни референци од подрачјето на проектниот опфат што е предмет на јавниот повик
-најмалку 3 потврди за извршени исти или слични работи во последните 3 години;
За докажување на овој услов понудувачот во прилог на понудата да ја достави референтната листа за изработени и одобрени урбанистички проекти во последните 3 години и референци (потврди) за изработени и одобрени урбанистички планови и проекти во последните 3 години, издадени од страна на корисници на услугите и потпишани од овластени потписници
6.4 Понудена организација и методологија на изработка на работите;
-динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;
6.5 Финансиска солвентност;
-да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од надлежен орган.;
6.6 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).
Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Понудата не е деллива.
Начин на плаќање: Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по доставувањето на предлог УП и 50% по донесување на урбанистичкиот проект).
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
– Цена на изработка на услугите (60 бода);
-број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање. (10 бода, 1-2 вработени -3 бода, 3-4 вработени 6 бода, и повеќе од 5 вработени 10 бода);
– Број на стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години, бодувањето ќе се врши врз основа на потврди издадени од страна на корисници на услугите и потпишани од овластени потписници (20 бода; 3-5 референци-10 бода, од 6–10 референци –15 бода, повеќе од 10 референци 20 бода );
-рок за извршување на активностите. (10 бода, отстапки повеќе од 6 дена од наведените-3 бода, отстапки од 3-6 дена од наведените-6 бода, прифаќање на наведените рокови -10 бода );
Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на УП. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.
За дополнителни информации, контакт лице: Весна Ѓорчева тел.071 249 -125
е-mail: vesnagorceva@gmail.com
ОПШТИНА НЕГОТИНО
Градоначалник
Горан Стојанов
ПРИЛОГ 1
Ред. Бр | Предмет на изработка | m2 | цена без ддв | цена со ддв |
1 | Урбанистички проект за градежно земјиште за формирање на градежна парцела за формирање на површина за изградба на спортска сала на КП 4216, КО Долни Дисан согласно Општ акт за село Долни Дисан (Одлука бр. 08-240/4 од 22.07.2016 година) | 4.298 |