Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Општина Неготино го објави јавниот повик за поднесување предлози за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино.

Предлозите со задолжително писмено образложение можат да се доставуваат до архивата на општина Неготино во периодот од 01.10. ( вторник ) до 21.10.2024 г. ( понеделник ) секој работен ден од 08 до 16 ч.

Наградата и признанијата се доделуваат на поединци, претпријатија, установи, здруженија на граѓани и други организации чии дела и резултати во работењето и дејствувато придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино.

Право на поднесување предлози за добитници на наградата и признанијата имаат заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија на граѓани, месни заедници, група граѓани и други.

Close Search Window