Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Врз основа на член 17, 17-а 17-б, 17-в, 17-г 17-д, од Законот за јавните претпријатија (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, … 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 …. 274/22) , а во врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик , начинот на поднесување на пријавата , обрасците за пријавување , начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен , односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Сл.весник на РСМ“ бр.283/22) , Одлуката за изменување и дополнување на Одлука за давање согласност за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на управен одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци бр.08-529/9 од 20.06.2024 година (,,Сл.гласник на општина Неготино “ бр.10/24) , Советот на Општина Неготино распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управниот одбор  на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци

бр.02/24

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК

 

Предмет на Јавниот повик е избор на  еден член  во Управниот одбор  на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци од областа на научно-истражувачко подрачје,,Инжинерство и технологија”, со мандат од 4 (четири) години.

Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци

со седиште на ул.,,Смаилица“ бр.71 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на хуман третман, заштита и благосостојба на животните на територијата на гореспоменатите општинско основна дејност согласно НКД 01.49 – Одгледување на други животни, со веб страна ….

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Заинтересираните лица кои што ќе се пријават на јавниот повик за избор на член на Управниот одбор  на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци треба да ги исполнуваат следните услови:

– е државјанин на Република Северна Македонија;

– има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на научно – истражувачко подрачје ,, Инжинерство и технологија “ ;

 

-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

– најмалку 3 (три) години работно искуство од областа на научно –истражувачко подрачје ,, Инжинерство и технологија “ .

 

 

3.РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ОБВРСКИ И ВИСИНА НА ФИНАНСИСКИОТ НАДОМСТОК

Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да преземамерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие во согласност со законот.

Управниот одбор на јавното претпријатие:

  1. Го донесува статутот на јавното претпријатие;
  2. Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
  3. Ја утврдува деловната политика;
  4. Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансискотоработење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
  5. Одлучува за употребата на средства остварени со работењето на јавното

претпријатие и покривањето на загубите;

  1. Ги донесува одлуките за инвестиции;
  2. Ги утврдува цените на производите и услугите;
  3. Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
  4. Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие;
  5. Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие и
  6. Го избира и разрешува директорот и заменик на директор на јавното претпријатие, основано од Владата на Република Македонија врз основа на јавен конкурс.

Претседателот на управниот одбор или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува членот на управниот одбор овластен одпретседателот, е должен да присуствува на седницата на Владата на Република Северна Македонија, Советот на општината односно Советот на град Скопје, кога се дискутира и се одлучува за работи и документи од надлежност на управниотодбор на јавното претпријатие.

Членот  на управниот одбор на јавното претпријатие има право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие во висина до една половина од просечната нето-плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

 

4.РОК, НАЧИН И МЕСТО НА  ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВАТА СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

Заинтересираните лица по јавниот повик како доказ за исполнување на бараните услови треба да достават :

– кратка биографија,

–  писмо за интерес/мотивација,

-државјанство на Република Северна Македонија,

– уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

-потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж,

– изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација;

– сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

Заинтересираните лица по јавниот повик поднесуваат пополнета Пријава (на образец – даден во прилог на јавниот повик) со потребната документација и доказите во писмена форма ( во оригинал  или копија заверена на нотар)преку Архива на Општина Неготино, секој работен денод 07:30 -15:30 часот или по пошта со назнака ,, За јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управниот одбор  на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци бр.02/24. до Општина Неготино ул.,,Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино

Рокот за доставување на пријавата трае 11 (единаесет) работни дена од 08.08.2024 година до 22.08.2024 година.

Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Неготино www.negotino.gov.mk , на веб-страната на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци www.shepa.mk и на огласна табла на Општина Неготино.

 

  1. ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА И ФАЗИ НА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

 

Постапката на селекција на кандидатите за членови Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци се спроведува од страна на Комисијата за селекција и се состои од две фази, и тоа:

 

– Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и

 

– Фаза 2 – интервју (фаза во која усно или комбинирано (усно и писмено) прекуситуациони прашања се проверуваат општите работни компетенции за член насоодветниот орган на јавното претпријатие (раководење, решавање проблеми,испорачување на резултати, умешност за комуникација) и преку стручни прашања или практични задачи се проверуваат посебните работни компетенции и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот имотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работноискуство, очекувањата на кандидатот и сл.).

Административната селекција завршува најдоцна 15 работни дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик.

Од страна на Комисијата, најдоцна три работни дена од истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик, се проверува дали кандидатите ги доставиле доказите за исполнување на условите во јавниот повик.

Бодувањето на кандидатите  на секоја од фазите на селекција ке се изврши на начин предвиден согласно член 5, член 6  и член 7 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија(,,Сл.весник на РСМ“ бр.283/22).

ЈАВЕН ПОВИК

 

Close Search Window