Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Почитувани,
Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов како советник во општината, по состанокот на Локалното собрание на млади одржан на ден 14.05.2022 година  донесена е одлука за распишување на јавен повик за свикување на Локален младински совет.

Се повикуваат сите младински здруженија кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите предвидени со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, да се пријават на e-mail адреса: info@negotino.gov.mk и ќе делегираат по 1 (еден) делегат од организација во Локалниот младински совет.

Пријавувањето трае најдоцна до 30ти мај, а изборот на членови во Локалниот младински совет ќе се одржи на 4ти Јуни во 16.00 часот во салата на Општина Неготино.

Собранието на млади објавува јавен повик за членови за локалниот младински совет. Јавниот повик се објавува на веб – страницата на општина Неготино.

Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

За избрани членови на локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

Локалното собрание на млади избира членови на Локалниот младински совет по објавен јавен повик од страна на истото собрание.

Бројот на членови во Локалниот младински совет на општина Неготино изнесува 5 (пет).

О Д Л У К А

Close Search Window