Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

За евидентирани невработени лица со ниски квалификации
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Неготино, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за 6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Општина Неготино.
Заинтересираните лица може да поднесат Пријава до 19.12.2025 година во Агенцијата за вработување на РС Македонија, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Заинтересираното невработено лице пополнува Пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карта и трансакциска сметка.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Неготино, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Close Search Window