Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

1. Oпштина Неготино, врз основа на Програмата за активности во областа на социјалната заштита  за  2014 година и спроведениот проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини во општина Неготино, има потреба од ангажирање на 1 (еден) работник за замена на привремено отсутен работник на определено време од 9 (девет) месеци.  

2. Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведениот горенаведен проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 13.08.2014година (среда) да достават пријава за заинтересираност со биографија  (CV) до општина Неготино заедно со  бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.
           
3. За да може да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:

–    Да е државјанин на Република Македонија
–   Доказ за завршен VI или VII степен на образование, Педагошки факултет – предучилишна или одделенска насока

4. Изборот на пријавените лица ќе го спроведи стручна Комисија во  рамките на општинската администрација на општина Неготино формирана од Градоначалникот.  

Кандидатите потребните документи да ги достават на следнава адреса

  Општина Неготино ул.,,Ацо Аџи Илов” бр. 2 ,
1400 Неготино

со назнака ,, За јавен повик за аплицирање на кандидати за замена на привремено отсутен работник согласно спроведениот проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини во општина Неготино” .

Close Search Window