ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 6 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја известува заинтересираната јавност дека Јавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот:  “Изградба на брза железничка пруга долж Коридор 10“ ќе се одржи на: 
-4 август 2026 година  (Вторник), во Електронска сала на општина Велес  со почеток во 11.00 часот.
-5 август 2026 година  (Среда), во салата на Советот на Град Скопје, барака 13 со почеток во 11.00 часот.
-6 август 2026 година (Четврток), во салата на Дом на култура „Мирка Гинова “во општина Демир Капија со почеток во 12.00 часот.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и  во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Истата е достапна за увид до 13.08.2026 година

Контакт лица:
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
[email protected],
по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица  бр.3, 1000 Скопје

Од страна на инвеститорот
Министерство за транспорт
Билјана Здравева, Раководител на сектор    тел:  070 270 293
е-mail: [email protected]

https://drive.google.com/file/d/195xCcyvPPOj_8VKe0Qi9vnfZQonMFQDt/view