Во рамките на програмските активности на Општина Неготино, Комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Неготино врз основа на Правилникот за определување на постапката и критериумите за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино бр. 08-511/13 од 22.07.2022 год. (Службен гласник на Општина Неготино бр. 11/22), објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Неготино за здруженија и фондации за 2022 година
1. Распределбата на средства за здруженија и фондации од Буџетот на општина Неготино во висина од 200.000,00 денари (двеста илјади денари) се врши преку финансирање на проекти во приоритетни области и цели кои се однесуваат на:
• култура
• образование
• екологија
• спорт
• комунални дејности • социјална заштита
• здравство
• интердисциплинарни проекти
• меѓународна дејност
• други области
2. Критериуми за аплицирање
2.1. Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите се:
• Да се регистрирани согласно Закон за здруженија и фондации (“Службен Весник на РМ” бр.52/10, 135/11 и 55/16);
• Да имаат седиште во Општина Неготино
2.2. Посебни проектни критериуми врз основа на кои ќе се врши проценка на квалитетот на проектите за здруженијата и фондациите се:
Критериуми Бодови
1.Организациски капацитет
(профил, капацитет, релевантно искуство) 20
2.Релевантност на проектот со приоритетната област
(анализа на проблемот, актуелност, целна група) 30
3.Опис на проектот
(цели, резултати, активности, пристап) 20
4.Ефекти во локалната средина
(влијание врз целните групи, одржливост) 15
5.Буџет (соодветно изразени активности во буџетот
и оправданост на трошоците) 15
Максимум бодови 100
* за да се квалификува проектот за финансиска поддршка треба да освои најмалку 50 бодови
3. Временска рамка за реализација на проектите е до 31 мај 2023 година.
4. Висината на финансиските средства кои може да се добијат за поединечен проект на здружение/фондација не е ограничена.
4.1. Здруженијата/фондациите имаат право да поднесат една или повеќе апликации за финансиска поддршка на проекти, од кои само една може да биде одобрена од страна на Комисијата за јавни дејности.
4.2. Повеќе здруженија може да аплицираат заеднички со еден предлог проект.
5. Потребна документација за пријавување
5.1. Заинтересираните здруженија/фондации потребно е да ја достават следната документација:
• Пополнет образец/пријава со предлог проект (достапен на веб страната и архивата на Општина Неготино).
• Тековна состојба од Централен Регистар на РМ (копија или оригинал).
5.2. Документацијата се доставува во архивата на општина Неготино, со назнака: за Совет на Општина Неготино – Комисија за јавни дејности, или по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. Ацо Аџи Илов бр.2, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 24 август.
6. Користење на доделените средства
6.1. Начинот на користење на доделените финансиски средства ќе биде специфициран во Договорот кој ќе биде склучен помеѓу здружението /фондацијата и Општина Неготино.
6.2. Општина Неготино преку Комисијата за јавни дејности има право да го следи наменското трошење на доделените средства.
Obrazec 1 za prijavuvanje Zdruzenija 2022
Obrazec 2 za narativen i finansiski zvestaj Zdruzenija i fondacii 2022