Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2023 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за распределба на финансиски средства на
спортски клубови/сојузи од Општина Неготино за 2023 година
- На повикот можат да се пријават:
– Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
– Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
- Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да ја поднесат следната документација:
– Тековна состојба на субјект издадена од Централен регистар;
– Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт;
– Годишна програма за работа на клубот/сојузот, со финансиска конструкција;
– Пополнет Образец за доделување на средства објавен на интернет страната на Општина Неготино;
– Записник од одржано годишно собрание на клубот за 2022 година.
Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да бидат земени во предвид.
Пријавите се доставуваат во тврда копија до Општина Неготино или во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината, на подолу наведената електронска пошта, во предвидениот рок.
Образецот за пријавување во електронска форма може да се најде на интернет страната на Општина Неготино.
За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите – потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.
Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.
Субјектите – потенцијални корисници, потребната документација треба да ја достават по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино, со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино, кај лицето Даниел Јакимов.
Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации претставниците на заинтересираните клубови /сојузи можат да се обратат кај одговорното лице за спорт во општината, на тел. 072/320-842 или на е-mail: aleksandar.donov@negotino.gov.mk, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
Образец ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА КОРИСТЕЊЕ СРЕДСТВА 2023 Неготино