Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Предмет на договорот помеѓу општина Неготино и Градба промет е санација на пристапен пат до земјоделско земјиште во должина од 750 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 940.460 денари, а рокот за изведување на работите е 30 денови и почнува да тече од воведувањето на изведувачот во работа.
Според техничката спецификација, санацијата на пристапниот пат во должина од 750 метри опфаќа машински широк ископ на земја, утовар и транспорт до депонијата, машински ископ на земја од постоечки и новопредвидени канали за одводнување на патот од атмосферски води, валирање и набивање на подтлото и набавка, транспорт и вградување на тампон долж целиот пристапен пат до месноста „Бела прст“.
Close Search Window