Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на осумнаесеттата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата на ден 05.02.2021 година ( петок ) во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во општина Неготино
2. Предлог – Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на општина Неготино за 2020
3. Предлог- Решение за одобрување на финансиски средства