Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и петтата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 06.06.2019 година (четврток ) во 12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура , спорт и соработка со здруженија и фондации на општина Неготино за 2019 година
2. Предлог – Решение за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување на општина Неготино
3. Предлог- Решение за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2019 година на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино
4. Предлог- Одлука за преостапување на користење на движна ствар на ЈП Комуналец Неготино