Врз основа на член 29 став 4 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:
Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за предлог-УПВНМ за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за предлог-УПВНМ за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино.
Граници на опфатот сe:
• на исток границата на опфатот граничи со КП 264/5;
• на југо-исток границата на опфатот граничи со КП 331;
• на север границата на планскиот опфат граничи со КП 13;
• на југо-запад со КП 321, КП 310, КП 294 и дел од КП 302 и дел од КП 314;
• на западната страна, опфатот граничи со КП 264/6, КП 264/1, КП 290/2, КП 288/3 и КП 288/2
Опфатот е со површина од 10,39 ха.
Јавната анкета
Јавната анкета за предлог-УПВНМ за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477, м.в. Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино со тех. бр. 0801-787/21 од април, 2022 год, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 11.05.2022 година до 09.06.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.05.2022 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.