Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1484/1, КО Пепелиште, општина Неготино
Граници на проектниот опфат се:
– на север – КП 1483, КО Пепелиште
– на исток – КП 1484/2, КО Пепелиште
– на југ – КП 1485/1, КО Пепелиште
– на запад – полски пат
Опфатот е со површина од 1,3724 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 12.04.2022 до 26.04.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.