Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Сл.весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува десеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 18.04.2022 година (понеделник) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 9 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2.Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
3. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените во општинската администрација на Општина Неготино и ТППЕ Неготино
4. Предлог – Решение за именување на членови во Совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Неготино
5. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Неготино и Општина Кавадарци
6. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Неготино во Проект за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година
7. Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во Проект за развој на урбани подрачја преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година
8.Предлог – Решение за давање Согласност за измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2022 година на Општина Неготино
9.Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
10.Предлог – Одлука за за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
11. Предлог – Решение за давање на согласност на Статурна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
12. Предлог – Одлука за давање на согласност на Статурна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
13. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижен имот во сопственост на Општина Неготино на ЗГ КУД „ Јане Сандански “ од Неготино
14.Советнички прашања