Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во тек се градежни активности за санација на улица Ставре Ставрев во Неготино со должина од 70 метри и ширина во рамките на постоечката улица.
Согласно проектот, предвидено е вадење на стариот и оштетен бетон, реконструкција на подземната инсталација – водоводна, фекална и атмосферска линија и повторно бетонирање на улицата. Исто така, се планира и реконструкција на постоечките скали на оваа улица.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на општина Неготино, изведувач на работите е Градба промет, а надзорот го врши фирмата МБМ архитекти.
Close Search Window