Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино, Соопштенија|

 Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14и 13/20 ) член  57 став 1 од Деловникот на Oпштина Неготино („ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува втората  редовна седница на Советот на Општина Неготино.
    
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.11.2021 година   ( понеделник ) во  12,00 часот.
    
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на Записник од 1 ( првата) редовна седница на Совет на општина Неготино

2.    Усвојување на Записник од 1 ( првата) вонредна  седница на Совет на општина Неготино

3.    Предлог – Програма за измена и дополнување на програмата за комунални дејности уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2021 година

4.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на Општина Неготино за 2021 година

5.    Предлог- Програма за изменување и дополнувањље на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2021 година

6.    Предлог – Програма за  измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на  просторот на општина Неготино  за 2021  година

7.    Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество на Општина Неготино во проект за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година

8.    Предлог – Одлука за утврдување  на нацрт план ДЕТАЛЕН  УРБАНИСТИЧКИ  ПЛАН  ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 2 ДЕЛ ОД БЛОК 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“) Општина Неготино

9.    Предлог- Одлука за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во Општина Неготино

10.    Предлог – Одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Неготино за 2021 година

11.    Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Неготино за 2021 година

12.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење                  „ НЕГОТИНО “ – Неготино за 2022 година

13.    Предлог – Заклучок за усвојување на извештајот за финансиско работење на ЈП „ Комуналец “ Неготино од 01.01.2021 до 30.09.2021 година

Close Search Window