На 9-ти овој месец преку Единицата за спроведување на Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност одобрен е под-проектот со наслов „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“. Под-проектот е финансиран од ЕУ и администриран преку Светска Банка. За истиот обезбедени се приближно 14.000.000 денари грант и околу 2.700.000 денари сопствено учество на општина Неготино . Со реализацијата на проектот се предвидува разубавување и овозможување поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и поставување автентични обележја. Со проектот двата влеза и излеза во и од Неготино ќе добијат нов и модерен изглед преку уредување на жардинериите ,поставување патна сигнализација, нова урбана опрема од типот на клупи, корпи за отпадоци,контењери, уредување на подрумскиот дел во ТИЦ„Желкова куќа“ во т.н. винска архива ,поставување на инфо-тач постојка,поставување летниковци со лозов насад и други автентични обележја.Проектот предвидува и адаптација на старата училишна зграда во с. Вешје во современ едукативен, туристички и промотивен Апи центар за развој на пчеларството и партнерно и хортикултурно доуредување на постојниот пчелен парк. Со проектот ќе се изврши поправка на постојната и набавка на нова саемска опрема за промоција и организирање на вински и други стопанско туристички настани во општина Неготино. По потпишувањето на договорот со Единицата за спроведување на Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност се отпочнува со спроведување на постапките околу планираните набавки за изведбените и другите проектни активности на неколку локации во општината.