Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на дваесет и четвртата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Салата на општина Неготино на ден 17.06.2021 година ( четврток ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
2. Предлог- Правилник за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно- технички работи и помошни работи во општина Неготино
3. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
4. Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Фемо Кулакјов“ Неготино
5. Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за начела на внатрешна организација на ЈОУДГ „Фемо Кулаков “ Неготино
6. Предлог- Одлука за давање на согласност на Статутот на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
7. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош