Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

 Денеска со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 16-тата седница на која на дневен ред се 12 точки по кои советниците ќе расправаат и ќе носат закучоци, одлуки и решенија. Се очекува да бидат разгледани и усвоени годишниот извештај за работа и годишната програма за работа на СОУ Св. Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев и Страшо Пинџур и музичкото училиште Владимир Арсовски од нашиот град. На дневен ред ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за состојбите со јавната безбедност, јавниот ред и мир, безбедноста на сообраќајот на патиштата за првата половина од 2018-та година од МВР-ПС од општа надлежност-Неготино, предлог-решението за давање согласност за измени и дополнувања на правилникот за систематизација на работните места во градинката Фемо Кулаков, а советниците ќе расправаат и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

Close Search Window