Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 2 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 28.11.2025 година ( петок ) во 15: 00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 1 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 1 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Предлог- Одлука за доделување на Награда 8 Ноември за 2025 година
4. Предлог- Одлука за доделување на признание 8 Ноември за 2025 година
5. Предлог- Решение за формирање на Штаб и заштита и спасување на територијата на општина Неготино
6. Предлог- Програма за зимско одржување на просторот на општина Неготино за 2025- 2026 година
7. Предог – Оперативен план на дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината, трговски друштва и органите на општина Неготино
8. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансиското работење на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година
9. Предлог- Решение за давање согласност на Извештај за финансиското работење на ЗЈП „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за период 01.01.2025 до 31.03.2025 година
10. Предлог- Решение за давање согласност на Извештај за финансиското работење на ЗЈП „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за период 01.01.2025 до 30.09.2025 година
11. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунално услужни работи Комуналец Неготино
12. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунално услужни работи Комуналец Неготино
13. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
14. Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови на Надзорен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
15. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на членови на Управните одбор и и Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за комунално услужни работи Комуналец Неготино
16. Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на членови на Управните одбор и и Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
17. Предлог – Решение за именување на членови на Управен одбор на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
18. Предлог- Решение за именување на членови на Управен одбор на Општинска установа Музеј на град Неготино
19. Предог – Решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
20. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
21. Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈУ МЦСР Неготино
22. Предлог – Заклучок за давање согласност на Годишна програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Неготино“ Неготино за 2026 година
23. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
24. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства

