Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:
Ј А В Е Н П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Деталниот урбанистички план за Урбана единица 2 дел од блок 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Деталниот урбанистички план за Урбана единица 2 дел од блок 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино .
Опфатот е со површина од 1,74 ха.
Граници на опфатот сe:
на север, запад и југ е улица „Васка Калајџиска“,
на исток улица „Гоце Делчев“ и
на југоисток ул. „Димче Мирчев“.
Јавна анкета
Јавната анкета за Нацрт- Деталниот урбанистички план за Урбана единица 2 дел од блок 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев“ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино со тех. бр. 04-02/2021 од октомври, 2021 година, ТДПИГК „ПАРАМЕТАР “ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) денови и тоа од 06.12.2021 година до 04.01.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.12.2021 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.
Mapa so granici na planski opfat