Во рамките на шестото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, од 24 до 27 јули со почеток од 20.30 часот во кино салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажана Ревија на македонски филмови од режисерот Столе Попов, односно по денови:
Среда, 24 јули ЦРВЕНИОТ КОЊ
Четврток, 25 јули ЏИПСИ МЕЏИК
Петок, 26 јули СРЕЌНА НОВА ‘49
Сабота, 27 јули ТЕТОВИРАЊЕ
Во рамките на истата манифестација на 30 јули (вторник) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во изведба на аматерскиот театар при Центарот за култура ќе биде изведена урнебесната комедија “Сомнително лице” од Бранислав Нушиќ.
Општина Неготино е меѓу 29-те општини во државата во која што Министерството за култура ја поддржа оваа манифестација, која ќе продолжи и во месец август, со реализација на следните културни настани:
– 22 август, со почеток од 21 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржат фолклорниот ансамбл “Ацо Ѓорчев” и пеачката група “Лира”;
– 28 август, во ликовната галерија “Арт” со почеток од 20.30 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на сликарот Велика Глигорова;
– 30 август, со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура, концерт на класична музика ќе одржи Кристина Палија, соло.