Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на дваесет и втората вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 07.06.2024 година ( петок ) во 15:00 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за поддршкаљ и кофинансирање на проект
- Предлог – Програма за спроведување на превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Решение за разрешување и на член на УО на Отворен граѓански универзитет „Неготино“ Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за распределба на средства на УО на ЈП Паркинзи Неготино
- Предлог- Решение за доделување на финансиски средства
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош