Денеска ( понеделник 06.07.2026г.) во раните утрински часови кога и фреквенцијата на луѓе и возила е сведена на минимум, во организација на општина Неготино се спроведе прскање против комарци на територијата на цела општина.
Активностите ги спроведе фирмата Лиса-ком, а прскањето се изврши со еден од најефикасните препарати Аквакотрин.
Против комарци се прскаше низ целиот град, во сите села во општината, покрај реката Вардар и други водни површини, паркови, зелени површини, или накратко со третирањето беше опфатена целата територија на општина Неготино.
