Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Општина Неготино го објави огласот за поднесување предлози за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината.
Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино.
Право на поднесување на предлози за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани до архивата на општина Неготино, а крајниот рок за доставување предлози е петок 22 октомври
Наградите и признанијата на добитниците ќе им бидат доделени на свечената седница која ќе се одржи во понеделник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на Неготино.
Close Search Window