Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и четврттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 14.03.2023 година (вторник) во 13:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 22 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 23 редовна седница на Совет на општина Неготино
3. Усвојување на записник од 16 вонредна седница на Совет на општина Неготино
4. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештај за извршен годишен попис на Општина Неготино за 2022 година
5. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна сметка на буџетот на општина Неготино за 2022 година
6. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општина Неготино за 2022 година
7. Предлог – Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ “ Неготино за периодот од 01.01.2022 – 31.12.2022 година
8. Предлог – Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2022 – 31.12.2022 година
9. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на „ Музеј на град Неготино “ Неготино за 2022 година
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2022 година
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2022 година
12. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за 2022 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај за ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2022 година
14. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет „ Неготино “ Неготино за 2022 година
15. Предлог- Одлука за утврдување на фиксни оперативни трошоци за управување со „ Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион “ во последниот квартал за 2023 година
16. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
17. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства