Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина
Неготино
бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( Сл.гласник на Општина Неготино бр.3/06 и
2/11),
претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и петатта редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден
10.04.2023 ( понеделник ) година во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 17 вонредна седница на Совет на општина Неготино

2. Усвојување на записник од 24 редовна седница на Совет на општина Неготино

3. Предлог Програма за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино

4. Предлог Програма за спроведување на превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација како и уловување на животни скитници на теритиријата на општина Неготино
за 2023 година
5. Предлог –Програма за измеување на Програмата
за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година
6. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 20
23 година
7. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административнотехнички работи и помошни работи во општина Неготино

8. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Совет за социјална заштита за подрачјето на општина Неготино

9. Предлог – Решение за давање согласност на Измена/дополнување на Годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино

10. Предлог – Одлука за давање на стопанисување на водоснабдителниот систем и систем за одведување на отпадни води во селo Војшанци на ЈП „ Комуналец “ Неготино
11. Предлог – Одлука за давање на стопанисување на водоснабдителниот систем и систем за одведување на отпадни води во селo Долни Дисан на ЈП „ Комуналец “ Неготино

12. Предлог – Одлука за давање на стопанисување на водоснабдителниот систем и систем за одведување на отпадни води во селo Курија на ЈП „ Комуналец “ Неготино

13. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од природна непогода поплава ( со град и силен ветар во форма на торнадо) што ја зафати општина Неготино на 16 август 2022 година

14. Предлог Одлука
за плаќање на фактури за потрошена електрична енергија за месна заедница село Војшанци
15.
Предлог Одлука за давање на користење на возило ( цистерна ) на ЈП „ Комуналец “ Неготино
16. П
редлог Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, директорот и административните службеници на ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков “Неготино за 2023 година
17. Предлог Решение за доделување на еднократна парична помош

18. Предлог Решение за доделување на финансиски средства

19. Советнички прашања

Close Search Window