На 29 март во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино беше изведена театарската претстава “Кара Дончо” во изведба на Народниот театар од Штип. Ова беше втората од двете претстави со кои општина Неготино го одбележа Светскиот ден на театарот 27 март. Претходно, на 27 март аматерскоит театар од Демир Капија се претстави со комедијата “Не шетај гола”.