Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четвртата редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.12.2021 година   (среда) во  12.00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 3 редовна седница на Совет на општина Неготино
2.    Усвојување на записник од 3 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3.    Предлог – Одлука за верификација на мандатот на член на Советот на општина Неготино
4.    Предлог – Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година
5.    Предлог –  Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
6.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година  
7.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во  2022 година
8.    Предлог –  Програма за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година во општина Неготино
9.    Предлог – Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година
10.    Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
11.    Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
12.    Предлог – Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година
13.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино  
14.    Предлог – Буџет на општина Неготино за 2022 година
15.    Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготино за 2022 година
16.    Предлог – Буџетски календар за 2022 година
17.    Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година
18.    Предлог – Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
19.    Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати , додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно технички работи и помошни      работи во општина Неготино
20.    Предлог – Одлука за снимање на седниците на Советот на општина Неготино
21.    Предлог- Решение за именување член на Управен одбор на ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
22.    Предлог – Решение за давање согласност на План за работа за 2022 година на ЈП за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр.0102-292/1 од 21.12.2021 година
23.    Предлог- Решение за давање согласност на Финансискиот план за работа за 2022 година на ЈП за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр. 0501-293/1 од 21.12.2021 година
24.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
25.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за избор на најповолен понудувач  бр. 02-510/4-1 од 26.11.2021 година на ЈП Комуналец

    
 

Close Search Window