Денеска во салата на општина Неготино како градоначалник на 30 родители кои во изминатиот период добија принова во семејството им доделив вредносни ваучери од по 7.000 денари како еднократна парична поддршка за нивните новороденчиња.
Средствата во висина од 210.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
Инаку, во изминатиот едногодишен период доделивме вкупно 125 ваучери за новородени деца за што од општинскиот буџет се издвоени 875.000 денари.