Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува деветта редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.03.2022 година   (четврток) во  15:30 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за усогласување на платата на вработените во општинската администрација на Општина Неготино со минималната плата на РСМ
2.    Предлог – Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за 2022 година
3.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општина Неготино за 2021 година
4.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
5.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
6.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
7.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
8.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
10.   Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј “ Неготино
11.   Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за финансиското работење на Центарот на Вардарски плански регион за 2021 година
12.   Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Вардарски плански регион за 2021 година
13.   Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
14.   Предлог- решение за доделување на финансиска поддршка

Close Search Window