Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и втората редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 27.10.2023г. ( петок ) во 14.00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на Записник од 31 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Неготино за 2023 година
3. Предлог – Програма за зимско одржување на просторот на општина Неготино за 2023 година
4. Предлог – Оперативен план на дејствување во зимски услови на јавни препријатија и установи основани од општината , трговски друштва и органите на општина Неготино
5. Предлог – Листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Неготино
6. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства на здруженија и фондации за 2023 година
7. Предлог – Одлука за прифаќање на Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка
8. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино за периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023 година
9. Предлог- Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
10. Предлог – Одлука за давање согласност на Пречистен текст на Статут на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
11. Предлог – Одлука за oслободување од плаќање на паркинг услуги на јавни паркиралишта на територија на општина Неготино на воените инвалиди од општина Неготино од конфликтот 2001 година

Close Search Window