Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и шестата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 12.12.2023г. ( вторник ) во 15.00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на Записник од 34 редовна седница на Совет на општина Неготино

2. Усвојување на Записник од 19 вонредна седница на Совет на општина Неготино

3. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Неготино, Велес, Росоман, Кавадарци, Свети Николе, Чашка , Демир Капија , Градско и Лозово

4. Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие – регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство стационар – ШЕПА Кавадарци

5. Предлог – Решение за именување на членови на Комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Неготино, Велес, Росоман, Кавадарци, Свети Николе, Чашка , Демир Капија , Градско и Лозово

6. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештј за финансовото работење на ЈП Комуналец Неготино од 01.01.2023 до 30.09.2023 година

7. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства

8. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 

Close Search Window