Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино, Соопштенија|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува триесет и деветата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.02.2024 година (четврток) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н Р Е Д

 

1. Усвојување на записник од 38 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 20 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Усвојување на записник од 21 вонредна седница на Совет на општина Неготино
4. Предлог – Одлука проширување на Буџет на општина Неготино за 2024 година
5. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџет на општина Неготино за периодот 01.01.2023-31.12.2023 година
6. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Неготино во предлог – проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2024 година
7. Предлог – Акционен план за реализација на активности од енергетска ефикасност за 2024 година
8. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, директорот и административните службеници на ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков “Неготино за 2024 година
9. Предлог – Мислење по Програма за екскурзии, излети и други вонучилишни активности во ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2023/2024 година
10. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа за 2023 година на отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Неготино“ Неготино

Close Search Window