Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и првата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 12.04.2024 година (петок ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 40 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои бршат административно технички и помошни работи во општина Неготино
- Предлог- Одлука за проширување на средства од буџетот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран локален рзавоен план на општина Неготино за периодот 2024-2027 година
- Предлог – Одлука за донесување на предлог – план – ДУП за УЕ 5, дел од блок 17 помеѓу улици ( „ Фемо Кулаков“ , „ 8ми Ноември“ , „Владо Арсов Шпанец“ ) општина Неготино
- Предлог- Одлука за утврдување на нацрт план – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 1 ДЕЛ ОД БЛОК 3 ( помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „ Никола Петров“ )
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 28, 29 и 30 април 2024 година ( за време на Првомајските празници)
- Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 3, 4, и 5 Мај 2024 година за време на Велигденските празници
- Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на ООУ „Гоце Делчев“ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
- Предлог- Мислење по Програмата за изведување на ученички екскурзии за учениците од III, VI и IX одделение за ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино за 2023/2024 година