Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и четвртата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 19.07.2024 година (петок ) во 15 часот.
За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н Р Е Д

 

1. Усвојување на записник од 43 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 25 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Усвојување на записник од 26 вонредна седница на Совет на општина Неготино
4. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на СОУ „“Св. Кирил и Методиј“ Неготино
5. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
6. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за учебната 2023/2024 година

7. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за учебната 2024/2025 година
8. Предлог- Решение за давање согласност на Измена на годишен план за вработување на Општина Неготино за 2024 година
9. Предлог – Одлука за определување на приоритет на проектот за подобрувањее на водната инфраструктура на општините во РСМ
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП Комуналец за периодот 01.01.2024 – 31.03.2024 година
11. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-260/5 од 30.05.2024 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за машинско кастрење
12. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-260/6 од 30.05.2024 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на Градска депонија
13. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-260/7 од 30.05.2024 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за услуги со булдужер

14. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор за грант кој ќе се склучи согласно Договор за финансирањер SERAPIS бр. 2018-0837 помеѓу РСМ и Европска инвестициона банка
15. Предлог – Одлука за давање согласност за потпишување на Изјава од градоначалникот на општина Неготино за исполнетост на условите и обврските на проектна документација
16. Предог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација

 

Close Search Window