Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседавачот  на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет  и шестатта   редовна седница на Советот на општина Неготино.

Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 27.09.2024 година   ( петок ) во 15:00  часот.

За седницата го предлагам следниот

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

 

  1. Усвојување на записник од 45 редовна седница на Совет на општина Неготино
  2. Усвојување на записник од 28 вонредна седница на Совет на општина Неготино
  3. Предлог – Програма за  изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино  за 2024 година
  4. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на СОУ „ Св.Кирил и Методиј “ Неготино за учебната 2023/2024 година
  5. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „ Св.Кирил и Методиј “ Неготино за учебната 2024/2025 година
  6. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈУОДГ  „ Фемо Кулаков  “ Неготино за учебната 2023/2024 година
  7. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за учебната 2024/2025 година
  8. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот 01.01.2024-30.06.2024 година
  9. Предлог – Одлука за преотстапување парични средства за дотации на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
  10. Предлог – Решение за за давање согласност на Статут на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
  11. Предлог – Решение за финансирање на проекти на здруженија и фондации по јавен повик за 2024 година
  12. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка врз основа на направената распределба на средства на спортски клубови/сојузи од Буџетот на Општина Неготино за 2024 година
  13. Предог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
  14. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
  15. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства
Close Search Window