Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06, 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и седмата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.10.2024 година ( вторник ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 46 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 29 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за утврдување на потребата од воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Неготино и општина Охрид
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност за 2024 година
- Предлог- Програма за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
- Предлог – Одлука за определување на приоритет на проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во РСМ
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација на летниковци
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за усвојување на Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог Решение за давање согласност на Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни животни на подрачјето на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на платина административни службеници, даватели на јавни услуги и помошно технички лица во заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за давање согласност на Фукционална анализа на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за систематизација на работни места на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за внатрешна организација, делокругот и начинот за извршување на задачите на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на паричен надоместок за присуство на седници на членовите на Надзорниот одбор на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на паричен надоместок за присуство на седници на членовите на Управниот одбор на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за усвојување на Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на цените на услугите на заедничко јавно претпријатие Регинален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ “Гоце Делчев“ Неготино
- Предлог – Заклучок за за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет „НЕГОТИНО“ Неготино за 2025 година
- Предлог – Решение за доделување на финансиски средства
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош