Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и „ Службен весник на РСМ бр. 202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 , 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и деветатта редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.11.2024 година ( петок ) во 15.00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записник од 48 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2024 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на Општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2024 година ( ребаланс )
- Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџет на општина Неготино за периодот 01.01.2024 – 30.09.2024 година
- Предлог – Програма за зимско одржување на просторот на општина Неготино за 2024 година
- Предлог – Оперативен план на дејствување во зимски услови на јавни препријатија и установи основани од општината , трговски друштва и органите на општина Неготино
- Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈУОДГ ,, Фемо Кулаков “ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за финансовото работење на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Статут на Јавно претпријатие за комунални и услужни работи Комуналец ц.о Неготино
- Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука за цена за внес во евиденција на водомери бр. 02-627/7 од 30.10.2024 на ЈП„Комуналец “ Неготино
- Предлог – Одлука за предавање во сопственост два електрични мотори од Општина Неготино на ОВР Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2024 година на заедничко јавно претпријатие Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година на заедничко јавно претпријатие Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Решение за доделување на финансиска подршка
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош