Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 52 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 25.12.2024 година (среда) во 10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 51 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Програма за работа на Советот на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за Локален економски развој на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2025 година
- Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2025 година
- Предлог – Програма за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2025 година во општина Неготино
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Програма за активностите на општина Неготино за ревитализација по елиминирање на кризи и во областа на заштита и спасување во 2025 година
- Предлог – Буџет на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготино за 2025 година
- Предлог – Буџетски календар за 2025 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година
- Предлог – Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
- Предлог- Решение за давање согласност на Финансиски план и програма за работа за 2025 година на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр. 05-279/1 од 19.11.2024 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ОУ „Музеј на град Неготино“ за 2025 година
- Предлог – Одлука за предавање во владение на канти од 120 литри од општина Неготино на ЈП „ Комуналец“ Неготино
- Предлог – Одлука за утврдување на тарифа за вршење на авто-такси превоз на територијата на општина Неготино
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
- Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка