Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 54 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 28.02.2025 година ( петок ) во 14:30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 53 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог – Одлука за проширување на средства на Буџет на општина Неготино за 2025 година
3. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2024- 31.12.2024 година
4. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за потрошeните средства од тековна резерва и постојана резерва од Буџетот на Општина Неготино
5. Предлог – Решение за именување на член во Заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Повардарскиот регион
6. Предлог – Решение за Измена на годишниот план за вработување за 2025 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино
7. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2026 година
8. Предлог – Мислење Програмата за изведување на екскурзии за учениците од од III, VI и IX во ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино во учебната 2024/2025 година
9. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен наративен извештај за работа на ОУ „ Музеј на град Неготино“ Неготино за 2024 година
10. Предлог- Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
11. Предлог- Решение за давање согласност на Извештај ( квартален и кумулативен ) за финансиското работење на ЗЈП „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за период 01.07.2024 до 31.12.2024 година
12. Предлог – Заклучок за давање согласност на Годишен извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Неготино“ Неготино за 2024 година
13. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
14. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка