Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 58 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 30.05.2025 година ( петок ) во 13:30 часот.
За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 57 редовна седница на Совет на општина Неготино

2. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2025 година

3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за
Локален економски развој на општина Неготино за 2025 година

4. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Неготино за 2025 година

5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2023 година

6. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Неготино за 2025 година

7. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2025- 31.03.2025 година

8. Предлог – Заклучок за усвојување на Акционен план за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2025 година

9. Предлог- Одлука за Имплементација на проект „Еднаков пристап до здравствена заштита за повозрасната популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменција “ со акроним „Elder Care“ општина Неготино во рамките на Програмата за прекугранична соработка Interreg VI-A ИПА „ Грција-Северна Македонија 2021-2027“.

10. Предлог – Одлука за учество во Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD 3)

11. Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи ( отчети ) на здруженија на граѓани/фондации од Општина Неготино за добиени финансиски средства од Буџетот за 2024 година

12. Предлог-Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи ( отчети ) на спортските клубови од Општина Неготино за добиени финансиски средства од Буџетот за 2024 година

13. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансиското работење на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година

14. Предлог- Одлука за доделување на користење на простории во објект на месна заедница во село Тимјаник, Општина Неготино

15. Предлог – Одлука за отстапување на користење простор и спроведување на постапка за формирање на Младински центар Неготино во општина Неготино

16. Предлог – Одлука за донација на две инвертер клими од Општина Неготино на ЈУЗ „ Здравствен дом “ Неготино

17. Предлог – Одлука за донација на една инвертер клима од Општина Неготино на Црквата „ Вознесение Христово“ с. Криволак, Неготино

18. Предлог- Одлука за утврдување на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА за ГП 111 и ГП 111/1 од ДУП за УЗ 2 Општина Неготино (одлука бр.08-390/5 од 04.12.2015 година) со намена А1- станбени куќи

19. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација

20. Предлог – Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници во ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков “Неготино за 2025 година

21. Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино

22. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2024 година

23. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за финснсиското работење на Центарот за Вардарски плански регион за 2024 година

24. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

25. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства

26. Информација за движењето на акутните заразни заболувања на подрачјето на ЈЗУ Центар за јавно здравје П.Е Неготино за месец 2025 година

Close Search Window