Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( „ Сл.весник на РМ “ бр.5/02 и „ Сл.весник на РСМ “ бр.202/24), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11 и 7/24), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 59 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 30.06.2025 година ( понеделник ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 58 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Неготино
- Предлог – Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2026 година на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
- Предлог – Решение за доделување на финансиски средства