Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

Ј А В Е Н    П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УЕ 6, дел од Блок 20 (помеѓу улиците Никола Карев, Ленинова и Климентова), КО Неготино, општина Неготино

    Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УЕ 6, дел од Блок 20 (помеѓу улиците Никола Карев, Ленинова и Климентова), КО Неготино, општина Неготино.

Граници на опфатот сe:
•    на исток границата на опфатот се движи по осовина на улица „Климентова“ кон југ до пресек со улица „Ленинова“;
•    на југо-запад планскиот опфат се движи по оската на улицата „Ленинова“ до пресек со улица „Никола Карев“;
•    на северо-запад границата на планскиот опфат се движи по осовина на улица „Никола Карев“ до пресек со улица „Климентова“;
 
Опфатот е со површина  од  1,7 ха.
Јавната анкета

Јавната анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за дел од УЕ 6, дел од Блок 20 (помеѓу улиците Никола Карев, Ленинова и Климентова), КО Неготино, општина Неготино со тех. бр. 3886 од  февруари 2022 год, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 30  (триесет) денови и тоа од  06.04.2022 година  до 05.05.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.04.2022 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.


DUP del od blok 20-415.pdf 

Close Search Window