Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 6 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 06.03.2026 година ( петок ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 4 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Решение за измена и дополнување на Решение за именување на претседател и членови на постојаните комисии на Советот на општина Неготино
- Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините на Повардарски регион
- Предлог – Програма на општина Неготино за заштита на здравјето и работната ефикасност насочена кон унапредување на безбедноста и условите за работа, преку повеќе мерки, вклучително и случајни безбедносни проверки во определени сектори и организациони единици
- Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2025- 31.12.2025 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за потрошeните средства од тековна резерва и постојана резерва од Буџетот на Општина Неготино
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење без надомест на прочистувачи на воздух
- Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи ( отчети ) на здруженија на граѓани/фондации од Општина Неготино за добиени финансиски средства од Буџетот за 2025 година
- Предлог-Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи ( отчети ) на спортските клубови од Општина Неготино за добиени финансиски средства од Буџетот за 2025 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Годишнaта програма за работа на ЈП „ Комуналец “ Неготино за 2026 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Измена на Годишниот план за вработување за 2026 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Предлог – Решение за давање согласнот на Одлука за износот на надоместокот на членовите на УО и ОМФР на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Предлог – Решение за именување на членови на Надзорниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Предлог- Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за работа за 2025 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
- Предлог – Одлука утврдување на износот на надоместокот на трошоците за престој на деца ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ – Неготино што паѓа на товар на родителите чии деца ги користат услугите
- Предлог – Решение за давање согласност на статутарна одлука за измена на Статут на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Статутот ( пречистен текст) на ЈОУДГ „Фемо Кулаков
- Предлог – Одлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници во ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков “Неготино за 2026 година
- Предлог – Решение за именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
- Предлог – Одлука за давање согласност за издавање под закуп на Спортска сала, Кантина и Простор за кафемат во рамките на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за покривање на материјална и нематеријална штета и процесни трошоци во судски постапки и постапки за медијација против ЗЈП СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци за надомест на штета како последица од каснување од бездомни кучиња за период до 01.2026 – 31.12.2026 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на плати на даватели на јавни услуги и помошно технички персонал во Заедничко јавно претпријатие Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за 2026 година
- Предлог – Решение за давање согласност на Oдлука за утврдување на вредност на бодот за исплата на плати на административни службеници во Заедничко јавно претпријатие Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за 2026 година
- Предлог – Одлука за изработка на техничка документација за потребите на ООУ „Гоце Делчев “ Неготино – за доградба на просторија во училишен објект во ПУ с. Тимјаник
- Предлог – Решение за давање согласност на Измена на Годишниот план за вработување за 2026 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
- Предлог – Решение за разрешување на членови во Совет за превенција од детско престапништво на општина Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на иницијативата за превентивен теренски увид на состојбата со системите за водоснабдување на територијата на општина Неготино со кои стопанисува ад Водостопанство на РСМ – Подружница Тиквеш Кавадарци и навремено отстранување на проблемите поврзани со водоснабдувањето
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
- Предлог – Решение за доделување финансиски средства
